Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре, понеделник, ќе престојува во работна посета на институциите од областа на културата во Битола.
За време на посетата на Центарот за култура, Народниот театар и Заводот за заштита на спомениците на културата министерот Љутков ќе се запознае со текот на реализацијата на проектите на овие институции.