Хроника МВР

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

За настаните бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на истите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 21.12.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода И.С. (26) од струмичко.

При преглед на патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од негова страна, била пронајдена марихуана. И.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службениот разговор извршен со него изјавил дека марихуаната ја набавил од Р.О. од Радовиш.

На 22.12.2023 полициски службеници од ОВР Радовиш постапувајки по судска наредба извршиле претрес во домот на Р.О. (35) од Радовиш, при што била пронајдена марихуана. Р.О. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш.

За настаните бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на истите ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top