Свет

Русија ја обвинува Украина дека ја одложува договорената размена на затвореници

Според него, размената на затвореници била единствениот конкретен резултат од директните разговори одржани во понеделникот, при што двете страни се договориле да ги разменат сите тешко ранети или болни заробеници, како и оние помлади од 25 години.

Русија ја обвинува Украина дека ја одложува договорената размена на затвореници

Русија денеска ја обвини Украина дека неочекувано ја одложила договорената размена на затвореници и тела на загинати војници, што требаше да се спроведе овој викенд според договорот постигнат на втората рунда руско-украински преговори во Истанбул, Турција.

Главниот руски преговарач Владимир Медински изјави дека украинската страна ненадејно го одложила преземањето на телата и размената на воените заробеници на неопределено време.

„Од непознати причини, украинскиот преговарачки тим дури и не се појави на местото за размена“, соопшти Медински на Телеграм.

Според него, размената на затвореници била единствениот конкретен резултат од директните разговори одржани во понеделникот, при што двете страни се договориле да ги разменат сите тешко ранети или болни заробеници, како и оние помлади од 25 години.

Медински повика Украина да ги преземе телата на 6.000 украински војници, додавајќи дека телата на 1.212 загинати украински војници веќе се донесени на местото за размена на руско-украинската граница.

Дополнително, првиот список од 640 воени заробеници – ранети, тешко болни или млади – бил предаден на Украина со цел да се почне размената, наведе Медински.

Украинските власти засега немаат одговорено на овие обвинувања.

По првата рунда директни разговори во мај во Истанбул, двете страни веќе разменија околу 1.000 луѓе од секоја страна, меѓу кои војници и цивили.

To top