Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за одбранбениот буџет на САД за следната година во износ од 886 милијарди долари, откако беше усвоен од двата дома на Конгресот минатата недела, соопшти Белата куќа.
Буџетот за одбрана на САД за 2024 година е рекорд во историјата на земјата, кој вклучува и 800 милиони долари воена помош за Украина, како и средства за задржување на Кина во индо-пацифичкиот регион. (МИА)