Останати спортови познати финалистките

Гоф ја победи француската сензација, Сабаленка подобра од Швјонтек

Гоф ја победи француската сензација, Сабаленка подобра од Швјонтек

Првата и третата носителка на Ролан Гарос, Арина Сабаленка и Коко Гоф ќе се борат за титулата на вториот Гренд слем турнир во сезоната. Сабаленка ја победи бранителката на титулата Ига Швјонтек, а Гоф ја елиминира француската сензација, Лиос Боисон.

Најдобрата во светот, Сабаленка, ја детронизира, Швјонтек за два и пол часа.

Неизвесни беа првите два сета, во кои се случи фестивал на брејкови. Сабаленка го доби првиот со 7:6, а Швконтек вториот со 6:4. Во третиот Сабаленка ја декласира противничката, славеше со 6:0.

Сабаленка е првата тенисерка што стигнала до финалето на три последователни Гренд слем турнири по Серена Вилијамс во 2016 година.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Коко Гоф стави крај на најубавата приказна на овогодинешното издание на Ролан Гарос. Американката и препушти само три гема на противничката. За пласман во финалето и беа потребни само 70 минути, победи со 6:1, 6:2.

За утеха, Боисон ќе направи метеорски успех на ВТА листата. На Ролан Гарос дојде како 361. во светот, а од понеделник ќе биде меѓу најдобрите 70. Исто така ја зголеми банкарската сметка, заработи 690.000 евра.

To top