Манчестер Сити во надмоќен натпревар, го победи тимот на Флуминенсе со 4:0 и ја освоија светската титула.
Мечот беше одигран попладнево во Џеда, а англиската екипа едноставно не остави простор за противникот да може да игра.
Преку Хулијан Алварез, Сити го отвори резултатот, на 2:0 зголеми Нино, капитенот на Флуминенсе кој постигна несреќен автогол. Во вториот дел Фил Фоден стрела за 3:0 на овој натпревар, додека конечните 4:0 ги постигнува Алварез во самиот финиш од средбата.
Едноставно Флуминенсе дојде до финалето на Светското клупско првенство, но немаа шанси против англискиот шампион.