Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас наскоро ќе стане нов фудбалер на Лајпциг.
Играчот од средниот ред ќе се пресели од Наполи во Лајпциг за отштета од 25 милиони евра. Се очекува тој да го потпише договорот до крајот на јуни 2025 година.
Оваа информација ја потврди претседателот на италијанскиот клуб, Аурелио де Лаурентис.
„Го продадовме Елмас, работата е завршена. Тој секогаш сака да игра многу, па решивме да го пуштиме. Не можеше да разбере дека можеш да бидеш стартер иако не ги играш цели 90 минути“, изјави Де Лаурентис.
Елмас е играч на Наполи од летото 2019 година кога пристигна од Фенербахче за 14 милиони евра.
Сезонава одигра 334 минути, а сега се надева дека ќе има поголема минутажа во Лајпциг.