Македонија Она, кога без срам и перде ќе те „пуштат низ вода“

АНАЛИЗА: Наравоучение за следните „соработници“ – СДС го стави на тапет Коцевски, кој самите го избраа

Другата можност е СДС со ова да му упатува јавна закана на Јавниот обвинител Коцевски, насочувајќи го каде да се движи во истрагата и да внимава да не „чепка“ по нивните функционери и сопартијци кои се вмешани и обвинети во истрагата, ценат аналитичарите, кои во мизеријата на СДС гледаат и јасен повик за јавен линч на лицата постирани преку нивната некрофилска сценографија во партијата.  

Третиот момент во драмолетката на Кузеска е обидот со ова да спречат реотворање на трагедиите со Модуларната болница во Тетово, каде лично е вмешан и нивниот претседател Филипче, како и на Ласкарци (функционери на ДУИ) и Беса транс каде е инволвиран нивниот екс министер Бочварски. Пораката е да не се чепка во криминалот од минатото кој ќе изнесе нови докази и обвиненија во иднина. 

АНАЛИЗА: Наравоучение за следните „соработници“ – СДС го стави на тапет Коцевски, кој самите го избраа

Нов ден, нов доказ за нивото на очајноста, макијавелизмот и слободниот пад на СДС е чинот на јавен линч, жигосување и „ставање на тапет“ на Државниот јавен Обвинител Љупчо Коцевски, прв човек на македонското обвинителство кој е избран со мнозинството гласови токму од СДС и ДУИ.

За познавачите, ова е само уште еден доказ за бескруполозноста на партијата која без трунка срам, емпатија и чувства се обидува да се извади од калта и тињата (во која сама се втурна со антимакедонските потези и тешкиот криминал во сопствените редови) преку класична и некорофилска злоупотреба на трагедијата во која 62 лица го изгубија животот, а над 200 се повредени. Тоа е најкусиот и најпластичен опис на бедотијата наречена мизантропската „Вистина за Кочани“, во која крајно политикантски и мизерно популистички преку патетичната водвиљ-претстава водена од нивната портпаролка се обидуваат да издејствуваат одложување на гасењето на светлото на Бихаќка и земање „на лебот“ на Чом, познат по ваквите „затворања“ на институции и телевизии.

Јавно и со „рекла-казала“ муабети да жигосувате лидер на политичка партија кој има десет пати поголем рејтинг од вашиот водач, „барабар“ со јавен функционер кој лично вие сте го избрале, а со тоа и да и одмагате на истрагата која истиот 24/7 ја тера во моментот, е најниско ниво на политичка клутура, досега невидено во Македонија, велат познавачите за Курир. Имајќи предвид дека доаѓа од екс „бомбашите“  на Заев, фактот, за жал,  и не ги зачудува.

Другата можност е СДС со ова да му упатува јавна закана на Јавниот обвинител Коцевски, насочувајќи го каде да се движи во истрагата и да внимава да не „чепка“ по нивните функционери и сопартијци кои се вмешани и обвинети во истрагата, ценат аналитичарите, кои во мизеријата на СДС гледаат и јасен повик за јавен линч на лицата постирани преку нивната некрофилска сценографија во партијата.

Третиот момент е обидот со ова да спречат реотворање на трагедиите со Модуларната болница во Тетово, каде лично е вмешан и нивниот претседател Филипче, како и на Ласкарци (функционери на ДУИ/СДС) и Беса-транс каде е инволвиран нивниот екс министер Бочварски и други високи функционери од поранешниот естаблишмент. Особен акцент е ставен врз нечепкање на Онкологија, каде се украдени 35 милиони евра и уништени стотици живот. Улогата на Венко, како и одговорноста, тука е недвојбена. Пораката е да не се чепка во криминалот од минатото, чин кој ќе изнесе нови докази и обвиненија во иднина. За нивната врхушка.

Ова и има своја генеза во лагите на Заев за Монструм, за Диво насеље, превртениот и политички злупотребен наратив во случаите на Малата Тамара, Мартин Нешковски, Никола Младенов и дузина случаи кои СДСМ дрско ги злоупотреби, извртувајќи ја целосно вистината за да ги стави во сопствен контекст. Сите испаднаа тешки, грди, опортунистички лаги.

Истото, за жал, се очекува и со најновиот некрофилски наратив за кочанската трагедија, кој треба дополнително да ги изиритира семејствата и блиските на загинатите и повредените, бесчуствителна акција на партијата која никогаш и не покажала трунка емпатија кон сопствениот народ.

На страна што до сега, никој се нема извинето за лагите, нансената болка и злоупотребите во споменатите случаи…

Најнови вести од Македонија

To top