Ракомет

Митревски: Во финалето одиме по трофејот

Митревски: Во финалето одиме по трофејот

По натпреварот од полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија со ГРК Охрид својот став го сподели голманот Никола Митревски, кој ја пофали одбраната и најави одлично финале.

„Одигравме добар натпревар, двете екипи. Ова беше полуфинале како секогаш квалитетно, секогаш има посебна тежина и значење. Охрид играше добро во првиот дел, а ние имавме технички грешки во напад. Во вториот дел почнавме да го покажуваме нашиот квалитет и мислам дека тоа беше клучно за победата. Одигравме фантастична одбрана. Сигурно утре ќе играме пред многу публика, не очекува вистинско дерби и финале. Одиме да го освоиме трофејот кој 20 години недостига во Битола“, изјави Митревски.

Токму Митревски беше еден од хероите во победата, бидејќи собра 14 интервенции.

To top