Хроника Безобзирно управување со возило

Приведен маж кој под дејство на алкохол управувал со „БМВ“

Приведен маж кој под дејство на алкохол управувал со „БМВ“

На 31.05.2025 година во 01:15 часот на улица „Маршал Тито“ полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го лишиле од слобода В.З.(42) од Тетово кој управувал со патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички под дејство на алкохол со измерени 1.60 промили во крвта.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок по член 297-а од КЗ на РМ(„безобзирно управување со возило“).

To top