Завршен е тендерот за проектант на обиколница во Кавадарци, се чека избор на идејно решение, потврди за МИА, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– За заобиколницата тендерот е завршен, согласно на законот, има фирми пријавено за проектирање, вредноста на самиот проект е околу 350, 400 000 евра, три идејни решенија ни беа пуштени, меѓутоа не сакаме уште да избрзаме да ги обелодениме, чекаме прво да си го заврши Јавното претпријатие за државни патишта договорот, точно да ја избере компанијата. Општината има улога да влијае на техничкото решение во делот на самата траса, приклучок, исклучок и на самото движење на трасата, изјави тој.
Се очекува проектот да биде одобрен во најбрзо можно време.
-По одобрување на проектот се оди на тендерирање, а тендерирањето очекувам да се случи после јули, август, пошто е над 12 милиона евра, целата забиколница ќе биде голем тендер, ќе биде распишан и надвор од Македонија, значи како тендер, може да учествуваат компании и од страна. Најоптимистички, дека ноември, декември, ние веќе треба да имаме вовед во работа или склучен договор за вовед во работа за забиколница, појасни Јанчев.