Ракомет Фајнал фор турнир

Во Охрид се одржува полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија

Посакувам спортска игра, многу среќа и подобриот нека победи, рече Пецаков.

Во Охрид се одржува полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија

Во полуфиналето од Фајнал фор турнирот на ракометниот Куп на Македонија денеска од 17 часот се среќаваат екипите на РК Вардар и РК Пелистер, а од 19:30 часот ќе играат екипите на РК Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид.

Пред стартот на натпреварувањето се одржа прес-конференција на која присутни беа градоначлникот на Охрид, Кирил Пецков и првиот човек на РФМ, Александар Стефанов, како и претставници на сите четири клубови кои се дел од завршницата.

-Би сакал да им посакам среќа на сите учесници, во еден ракометен и спортски дух и низ коректна борба да имаме убав турнир. Благодарност до домаќинот за организацијата, се надеваме на успешен завршен турнир. Ги повикувам сите Македонци да дојдат, ова е ракометен празник и викенд. Купот секогаш имал посебен натпреварувачки дух, изјави Стефанов.

Пецаков се надева дека како организатори и како домаќини ќе бидат добри и дека во иднина како град, локална самоуправа и ракометен клуб треба да ја зграбат шансата и да бидат повторно организатори на Ф4.

– Посакувам спортска игра, многу среќа и подобриот нека победи, рече Пецаков.

To top