Култура Министерството за култура и туризам

Објавен Конкурс за учество на државава на 61. Интернационална ликовна изложба „Венециско биенале“

Конкурсот ќе трае од 31.5.2025 година заклучно до 30.6.2025 година.

Објавен Конкурс за учество на државава на 61. Интернационална ликовна изложба „Венециско биенале“

Министерството за култура и туризам денеска на својата веб-страница го објави Конкурсот за учество на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале“ (La Biennale di Venezia).

Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во молски тоналитети“ („In Minor Keys“) зададена од кураторот на изложбата Којо Кух (Koyo Kouoh).

-Конкурсот ќе трае од 31 мај 2025 година заклучно до 30 јуни 2025 година. Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура и туризам, соопшти Министерството.

Најнови вести од Култура

To top