Фудбал ЛШ

Инзаги: Во финалето барам само концентрација и фокус

Инзаги: Во финалето барам само концентрација и фокус

Тренерот на Интер Симоне Инзаги на официјалната прес-конференција пред ЛШ  го најави финалето со Пари Сен Жермен.

„Одигравме 59 натпревари оваа сезона и само трипати имав можност да сметам на сите фудбалери. Утре е четврти таков случај и верувам дека ќе го одиграме најдобриот натпревар. Како фудбалер не успеав да стигнам до финале, најдалеку отидов во четврфинале, а сега еве вторпат имам шанса да бидам дел од финале. Можеби пред две години заслуживме повеќе, но да не заборавиме дека пред нас го имавме Манчестер Сити, кој во тој момент беше најдобар тим во светот.

Знаеме каков ривал е денес ПСЖ. Најдобри се во Европа во поседот на топка, многу брзи напаѓачи ќе играат против нас и мора да бидеме концентрирани. Павард е добро, заздрави од повредата и ако се чувствува добро – ќе игра. Се работи за искусен фудбалер и многу ни значи што е тука со нас. Треба на терен да оставиме што имаме, затоа што против себе имаме тим кој исто така го заслужи ова финале и одлично е воден од тренер како Луис Енрике. Знаеме какви чувства носат вакви натпревари, сме ги почувствувале сите емоции. Побарав од играчите концентрација и фокус, но не и опсесивност. Треба да имаме смирена глава и за тоа ќе ни помогнат искусни фудбалери кои освојувале европски и светски титули“, рече Симоне Инзаги пред многубројните новинари.

Финалниот дуел помеѓу италијанскиот и францускиот гигант ќе го води Романецот Иштван Ковач.

To top