Македонија ојо

Македонското и косовското обвинителство ја унапредуваат соработката во борбата против организираниот криминал

Јавните обвинители разговараа и за интензивирање на каналите за меѓународна соработка во кривичната материја меѓу двете земји, соопшти ОЈО.

Македонското и косовското обвинителство ја унапредуваат соработката во борбата против организираниот криминал

Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази и јавната обвинителка во ОЈОГОКК Марија Ѓоргева денеска престојуваат во Приштина, Република Косово, каде остварија средба со Главниот државен обвинител Бесим Келменди и со специјалниот јавен обвинител Блерим Исуфај.

На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка меѓу македонското и косовското обвинителство во борбата против организираниот прекуграничен криминал, но и против останатите кривични дела.

Јавните обвинители разговараа и за интензивирање на каналите за меѓународна соработка во кривичната материја меѓу двете земји, соопшти ОЈО.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top