Во општина Неготино во понеделник ќе се прска против комарци, информираа денеска од кабинетот на неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
-Согласно годишната Програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план, Општина Неготино во понеделник, на 2 јуни, ќе спроведе активности за прскање против комарци. Се информираат жителите дека адултната дезинсекција со машинско прскање поради запрашување од комарци ќе се изврши во понеделник, почнувајќи од 22 до пет часот наутро, појаснија од кабинетот на Стојанов.
Се апелира до граѓаните и здруженијата што одгледуваат пчели и животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.