Република Општина Куманово

Почна реконструкција на улици во кумановското село Речица

На терен градежните активности ги извршува кумановска компанија, избрана на тендер, општината одвои над 16 милиони денари за санација на улиците во кумановското село. Речица е сместена на север од градот Куманово и има околу петстотини жители.

Почна реконструкција на улици во кумановското село Речица

Почна реконструкцијата на неколку улици во кумановското село Речица, соопштија денеска надлежните. Во теке е реконструкција на шест улици во ова населено место.

-Во селото Речица во тек е реконструкција на улиците на краците „1“, „2“, „3“, „4“, „5“ и „6“. Во рамките на овој проект, ќе се постават нови бетонски рабници и ќе се нанесе нов слој асфалт, со што значително ќе се подобри локалната инфраструктура и ќе се овозможи поквалитетна, урбанизирана средина за жителите, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

To top