Македонија разликата е очебијна, „како до сега“ заврши

„Јас се срамам од таков коментар“: Бојковска за инсинуациите на СДСМ дека со Оперативниот план власта ќе вработувала млади сопартијци

– Тоа време „КАКО ДО СЕГА“ заврши, многу е јасна разликата. Почнете од самото вклучување на вестите и ќе ја видите разликата и ќе видите дека сакаме да направиме атмосфера во која граѓаните ќе бидат релаксирани и нема да бидат оптоварени со вакви наративи, туку насочени кон сопствената продуктивност, кон сопствената работа, кон семејството, кон создавањето поквалитеттен живот. Ако за само една година направивме ваква промена, тоа нас не’ мотивира да ја бараме и добиваме повторно довербата на граѓаните за да направиме суштинска промена. Доста е од времето „КАКО ДО СЕГА“ и тие флоскули треба да бидат што е можно побргу заборавени, заклучува Бојковска во „наткаст“ на Курир.мк.

„Јас се срамам од таков коментар“: Бојковска за инсинуациите на СДСМ дека со Оперативниот план власта ќе вработувала млади сопартијци

 

-Јас се срамам од таков коментар. Мислам дека СДСМ се’ уште ја немаат научено лекцијата и само тонат уште подолу, доколку и има поголемо дно од она во кое што се наоѓаат сега. Токму затоа е и моментот да го комуницираме и општиме „Законот за ангажирање сезонски работници“ и „Оперативниот план за вработување за 20205-та“, кои се многу транспарентни за јавноста. Се’ ќе биде транспарентно, за проектите со кои младите луѓе ќе аплицираат со сопствени бизнис-идеи, посочи пратеничката Драгана Бојковска во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски.

Бојковска комплетно го демантира ова неаргументирано и манипулаторско тврдење на неинвентивната опозиција, која е заглавена во своите коруптивни навики, перцепција и акти кои ги практикуваа како власт, поради што и е позната по аферите, скандалите и криминалот.

-Навистина е потценувачки и срамота, но мислам дека младите луѓе многу јасно ја направија разликата меѓу едните и помеѓу другите и веќе создаваме една клима во која, наједноставно – кога ќе ги пуштиме вестите на ТВ, веќе сме навикнати во оваа една година да гледаме наплив на вести од проекти, од мерки, од убави работи кои што и се случуваат на Македонија, наспроти оние кои ги имавме во минатите седум години од владеењето на СДСМ – само скандали, само задолжувања за кои не знаеме за што се работи, играње на фудбалчиња по канцеларии, само различни коруптивни зделки и договори во четири очи, потенцира пратеничката.

– Тоа време „КАКО ДО СЕГА“ заврши, многу е јасна разликата. Почнете од самото вклучување на вестите и ќе ја видите разликата и ќе видите дека сакаме да направиме атмосфера во која граѓаните ќе бидат релаксирани и нема да бидат оптоварени со вакви наративи, туку насочени кон сопствената продуктивност, кон сопствената работа, кон семејството, кон создавањето поквалитеттен живот. Ако за само една година направивме ваква промена, тоа нас не мотивира да ја бараме и добиваме повторно довербата на граѓаните за да направиме суштинска промена. Доста е од времето „КАКО ДО СЕГА“ и тие флоскули треба да бидат што е можно побргу заборавени, заклучува Бојковска во „наткаст“ на Курир.мк.

To top