Македонија Државничка мудрост

Сиљановска-Давкова од Астана форумот: Повикав на суштински реформи на светската организација, време е за жена генерален секретар на ОН

Во свет доминиран од силни мажи со оружје, ни требаат силни жени со мудрост, објави Сиљановска-Давкова. 

Сиљановска-Давкова од Астана форумот: Повикав на суштински реформи на светската организација, време е за жена генерален секретар на ОН

Благодарам од срце за можноста да се обратам на Астана форумот, пред луѓе кои со своето знаење, визии и државничка мудрост имаат потенцијал да го променат светот, напиша претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот Фејсбук профил.

-Мултилатералниот систем базиран на правила е расцепкан под тежината на растечката мултиполарност. Се чини дека правиме чекор назад, кон постар светски поредок, оној на Макијавели, Хобс и Клаузевиц, каде што правилата се заменуваат со моќ, објави Сиљановска-Давкова на ФБ.

На отворањето на Меѓународниот Астана форум 2025, напиша претседателката, повикав на суштински реформи на светската организација.

– Време е за жена генерален секретар на ОН. Во свет доминиран од силни мажи со оружје, ни требаат силни жени со мудрост, објави Сиљановска-Давкова.

 

Најнови вести од Македонија

To top