Македонија дилемата останува отворена

Лукаревска инсистира да се кажат каматите, ама не кажа дали „Кембриџ“ сертификатот и е фалсификат

Од друга страна, во истата емисија Љупчо Пренџов потврди дека заемот ќе овозможи спроведување на капитални проекти и подобрување на животниот стандард.  За него нема дилема дали има фасификат Кембриџ диплома и сертификат како што има за Лукаревска.

Лукаревска инсистира да се кажат каматите, ама не кажа дали „Кембриџ“ сертификатот и е фалсификат

Во гостувањето во емисијата „24 Отворено“, Сања Лукаревска од СДСМ нагласи дека наводно сè уште немало јасни одговори од Владата за клучните аспекти на договорот – колкава е каматната стапка, кој е грејс периодот, рокот за отплата, како ќе влијае заемот врз јавниот долг и кој ќе биде контролниот механизам. Не е битно што владата се зијасни дека заемот е добиен според најдобри услови досега, што ја сведува иzјавата на Лукаревска на гола шпекулација и манипулација нa јавноста

„Се поставуваат сериозни прашања за транспарентноста и отчетноста“, вели Лукаревска, додавајќи дека без овие информации, тешко можело да се процени дали заемот е во интерес на државата или не, повторно заборавајќи да се изјасни дали нејзниот Кембриџ сертификат, со кој години беше на функција, е фалсификат. Или не е. Повторно ја остави јавноста неинформирана околу оваа тема.

Од друга страна, во истата емисија Љупчо Пренџов потврди дека заемот ќе овозможи спроведување на капитални проекти и подобрување на животниот стандард.  За него нема дилема дали има фасификат Кембриџ диплома и сертификат како за Лукаревска.

„Ние имаме план, Република Македонија да ја направиме подобро место за живеење. Тој план го реализираме секојдневно, од почетокот на овој мандат, па се до ден денешен. Ние секојдневно гледаме дека се остваруваат нови проекти во општините, фирмите земаат кредит и сега сакам да кажам дека работите во Република Македонија се движат на подобро и тоа е добро. Во поглед на овој договор, разликата, почитувани колеги, е огромна. Не правиме никакви деловни тајни. Договорот е јавен, јавено го имаме во Собрание, се е јавно, јасно и транспарентно. Овој договор е влада со влада, Британија е држава која што ќе ги даде своите знаења во Македонија, ќе помага и 30% од работите ќе бидат изведени од нив. И трето, ќе си има јавни набавки и оној кој што е најдобар во Македонија ќе работи и оној којшто е најдобар во Британија ќе работи“, вели Пренџов.

Во дебатната емисија пратеникот ги наведе сите позитивни страни кои произлегуваат од стратешкиот договор, како и дека станува збор за крупни проекти кои ја придвижуваат економијата во државата во нагорна линија, како изградбата на брзата пруга и целиот тој бенефит од истата.

„Ќе имаме брза пруга, сега е таа 235 км, ќе ја скратиме на под 200 км, ќе иде до 160 км на час. Ќе имаме товар, значи ќе се носат од пристаништето во Солун, од Кавала, од Атина, каде што ќе заработуваат меѓу 100 и 120 милиони евра годишно. Само што ќе поминуваат стоките од Македонија, државата ќе инкасира 120 милиони. Ако една пруга кошта 2 милијарди, за 15-17 години, таа пруга само од себе ќе се исплати. Ова се крупни проекти. За овие проекти, мораме да станеме сите, од прв до последен. И сакам да кажам дека каматната стапка ќе биде најниска“, рече Пренџов.

Јавноста останува во непознаница дали Кембриџ сертификатот на Лукаревска е фалсификат…

Најнови вести од Македонија

To top