Општина Куманово денеска ги повика заинтересираните да аплицираат за субвенционирање на поставување на енергетски ефикасни фасади или поставување на енергетски ефикасни фасади и реконструкција на кровови на станбени згради за колективно домување во Општина Куманово.
На повикот можат да учествуваат заедници на сопственици, или сопственици на посебни делови во станбени згради управувани од управител на станбени згради.
Поставувањето на енергетски ефикасен кров е возможно само доколку истовремено се врши и поставување на енергетски ефикасна фасада.
Субвенционирањето ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Куманово во висина од 30%, но не повеќе од 500.000,00 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата за секоја одобрена апликација.
Сопствениците на посебни делови во станбените згради ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата, соопшти Општина Куманово.
Рокот за поднесување на апликациите ќе трае 20 дена сметајќи од денот на објавување на Јавниот повик.