Македонија ПАНИЧЕН дефокус од онкологија и модуларната

АНАЛИЗА: Филипче веќе ТРЕТ ПАТ ја обвинува ВЕЛИКА БРИТАНИЈА за криминал со ДОГОВОРОТ ЗА СТАРТЕШКО ПАРТНЕРСТВО

Наместо да одговори за одговорноста во мега-морбидниот криминал на Онкологија тежок 35 милиони вера, за неодговорноста во трагедијата со Модуларната болница во Тетово, Филипче, велат познавачите, свесен за сопствената вина во случаите, сега ќе го одвлекува вниманието на јавноста со фејк-њуз стории за британски мигранти, за лоши камати и кредити, за измислени тендери од кујната на Бихаќка, за криминал за нешто што на нив никогаш никој немаше да им го даде, знаејќи дека ќе ги украдат сите пари и нема да биде ништо од проектите. 

АНАЛИЗА: Филипче веќе ТРЕТ ПАТ ја обвинува ВЕЛИКА БРИТАНИЈА за криминал со ДОГОВОРОТ ЗА СТАРТЕШКО ПАРТНЕРСТВО

Имателот на златна виза за Дубаи и октроиран претседател на СДСМ со рејтинг во рамки на статистичка грешка (3,8%) веќе трет пат во низа ја обвинува Велика Британија за соучесништво во наводен криминал со македонската влада.

Венко Филипче најпрво на 19-ти мај крајно дилетантски праша за „потеклото на парите“ кои (верувале или не) ги дава Обединетото Кралство, за по неколку дена на 23-ти мај  да ја обвини Велика Британија дека е голо алиби за тендери на македонската влада,  и сега, трет пат по ред, денеска повторно јавно и без усул да обвини за очигледен бизнис, правејќи ја британската влада директен соучесник во наводен криминал, кој според познавачите е лоциран единствено во испаничените глави на врхушката на СДСМ.

„Овој заем што го земаа од Велика Британија е навистина преседан. Ние мислевме преседан е унгарскиот кредит, но не – можело и повеќе. Да земеш влада со влада, без контрола, пари со непознати камати, со непознати рокови – тоа е криминал. Тоа е основа за кривично дело. Ама во нашава ситуација со Владата тоа е бизнис, очигледно“, рече денеска Филипче во Битола.

Познавачите кои ги консултираше Курир велат дека „Третата мајка“ на лажни вести од фабриката на Бихаќка доаѓа паралелно со очебијната невозможна и предизборна мисија по Македонија во која златновизашот Филипче ќе ја обиколува државата лиферувајќи лажни вести, зборувајќи за имагинарни мигранти и измислени камати (за кои нема поим ниту инфо колкави се) во обид да ги убеди македонските граѓани дека Стратешкото партнерство со Велика Британија не е триумф, туку пораз за Македонија. Предупредуваат, дека лажните вести од оваа адреса ќе продолжат со засилен интензитет, особено имајќи предвид дека наближуваат локалните избори, а СДСМ нема да понуди ништо друго освен лаги, шпекулации и теории на заговор.

Наместо да одговори за одговорноста во мега-морбидниот криминал на Онкологија тежок 35 милиони вера во рамки на неговото министерување со здравство, како и за неодговорноста во трагедијата со Модуларната болница во Тетово, Филипче, велат познавачите, свесен за сопствената вина во случаите, сега ќе го одвлекува вниманието на јавноста со евтини фејк-њуз стории за британски мигранти, патетични небулози за лоши камати и кредити (без никаков аргумент и бројки), за измислени тендери од кујната на Бихаќка, за криминал за нешто што, реaлно, на нив никогаш никој немаше ни да им го даде, знаејќи дека ќе ги украдат сите пари и нема да биде ништо од проектите. Внимавајте, предупредуваат експертите, следува време на поплава од лажни вести од СДСМ и нивната испостава во т.н. Левица.

Нив не ги интересираат мега-инвестициите во иднината, тоа што Чебрен и Галиште ќе бидат наш проект, што ќе добиеме ултра модерни Клинички центри во повеќе градови, медициски факултет во Штип, брза пруга во коридор 10 и дузина други инфраструктурни колосални проекти, затоа што за нивното владеење сведочи само тунелот ископан под затворот Идризово, за кој – верувале или не, поради врските со криминалното подземје не ни најдоа кој воопшто и го ископал.

Монументален споменик на нивната колосална неспособност, дунстерство, дилетантизам и ултра-политиканство.

Најнови вести од Македонија

To top