Хроника МВР

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Вчера во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода С.Н.(49) од Скопје.

-При извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

По насоки од јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани теми

To top