Хроника

Претрес во Батинци, дома чувал пиштоли и голема количина на муниција без дозвола

Претрес во Батинци, пронајдени пиштоли и куршуми, лишено од слобода едно лице

Претрес во Батинци, дома чувал пиштоли и голема количина на муниција без дозвола

Утринава во с. Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х.(53) од с. Батинци затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми.

По целосно документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Најнови вести од Хроника

To top