Во Македонскиот народен театар вечер со почеток од 18 часот ќе биде премиерно изведена претставата „Божествена рапсодија“.
На сцената настапуваат членовите од инклузивен ансамбл на возраст од 10 до 55 години, актери кои досега успешно соработуваат во поставување на заеднички претстави како „Шумска бајка“, „Други приказни за Алиса“ и „Дрво низ времето“, односно членови кои го формираа првиот инклузивен градски хор, чија цел е да ја користи музиката и песната како алатка за комуникација и интеграција.
Во претставата играат Елизабета Петковска, Ена Митревска, Коста Аризанов, Марио Мицкоски, Стефан Трпковски, Матеј Аларов, Оливер Блажевски, Ирина Прокопиева, Филип Ангеловски, Иво Веиќ, Нана Танеска, Ена Ковачевска, Ивана Полизовски, Данаја Ефтимова, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Ана Јовановска, а режијата е на Колектив Ветерница.
Проектот е во продукција на Трисомија 21 Скопје, поддржано од Министерството за култура, Македонски народен театар и Колектив Ветерница со цел истражување на нови форми на современ инклузивен сценски израз. (МИА)