На 24.05.2025 во 14.42 часот во СВР Скопје, 74-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 120.000 денари.
Според пријавеното, лицето и се јавило телефонски и ја информирало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете-мигрант и за да не оди во затвор и побарало пари.
-Како што е пријавено, таа подигнала 60.000 денари од банка, а од домот зела злато што го имала и ги оставила на местото каде што ѝ кажало лицето. Подоцна, откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.