Под водство на Конте, тимот доби нова енергија, дисциплина и менталитет на победници. Со играчи како
Лукаку и Мектоминеј, Наполи изгради вистинска сила на теренот, а Конте уште еднаш покажа дека знае како да го извлече максимумот од своите фудбалери.
И покрај триумфот, иднината на Конте во Наполи е неизвесна. Италијанските медиуми, особено „Калчомеркато“, пренесуваат дека тој е многу блиску до враќање во Јувентус – клубот каде што доживеа големи успеси и како играч и како тренер.
Доколку се потврдат шпекулациите, тоа би значело уште една драматична пресвртница во кариерата на Конте, кој повторно би се вратил на клупата на „старата дама“ во потрага по нови трофеи.