Зоолошката градина во Скопје е во центарот на јавниот интерес веќе со години, тема која е постојан гостин кој низата скандали поврзани со Зоолошката ги доживува како покана да поседат уште пет минути. Се чини дека интервалите помеѓу една трагедија и друг кикс стануваат се́ покуси – помеѓу безнадежните услови на егзотичните животни и иронично, исто толку очајните услови во кои функционираат вработените, оптимизмот станува состојба која е во бледо сеќавање но и енергија залудно потрошена.
Стефан Кирков, зоолошки волонтер, активист и донатор, кој подолго време ја следи состојбата одблизу. Тој е зоолог, екологист, активист, кој доаѓа од светот на невладините организации и младинскиот активизам, Кирков е меѓу оние кои ја носат визијата за ново лице на институцијата наспроти резигнираниот повик но и можеби логичниот исход – Зоолошката градина Скопје да се затвори и пренамени.
Кирков во интервју за diva.mk подетално и јавно зборува за шокантни случувања кои, како што вели, се премолчувани од институциите: од колење коњи и мистериозни угинувања на егзотични животни, до нефункционален менаџмент, недостиг на професионални кадри и замолчени вработени. Разговорот го водиме со намера да ги поставиме прашањата што досега никој не сакал гласно да ги постави – за животните, но и за системот што ги доведе до раб на исчезнување.
Во време кога јавноста бргу реагира, кога фотографиите стануваат наративи, а критиката е често инструмент на отуѓеност, вреди да се слушнат и оние кои се внатре.
Стефан Кирков не нуди совршена приказна. Но нуди човечка. И визија што расте – како ново живеалиште, што се вклопува полека, во срцето на еден стар бетонски зоолошки парк.
Целото интервју може да го прочитате на diva.mk.