Македонија еу останува покрај македонија

Каја Калас: Македонија припаѓа во Европската унија

Вие имате историја со усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Тоа ни е нам мошне важно во овие турбулентни времиња кога гледаме дека има геополитички промени во светот. Вашиот придонес во „ЕУ за тебе“ во Босна и Херцеговина е јасен пример дека вие сте сигурен партнер за регионалната безбедност, изјави Каја Калас, висок претсатвник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во македонската влада.

Каја Калас: Македонија припаѓа во Европската унија

– Европската унија останува со Македонија на вашиот пат кон станување членка на унијата. Македонија е првата земја во регионот корисничка од планот за раст „Западен Балкан“. Сметам дека и ние имаме корист од растот на вашата економија. Секако, Македонија е првата земја во регионот кој го потпиша партнерството за безбедност и мир. Ова партнерство спроведува заедничка работа за Украина и борба против тероризмот. Тоа покажува дека функционира постепената интеграција, но двете страни сакаат повеќе. Тоа е мошне јасно, Македонија припаѓа во Европската Унија. Вие имате историја со усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Тоа ни е нам мошне важно во овие турбулентни времиња кога гледаме дека има геополитички промени во светот. Вашиот придонес во „ЕУ за тебе“ во Босна и Херцеговина е јасен пример дека вие сте сигурен партнер за регионалната безбедност, изјави Каја Калас, висок претсатвник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во македонската влада.

– Вие подобро од кој било знаете дека патот до членството не е лесен. Мојата порака е да останете во истиот правец, да ги превземете потребните чекори за отворање на пристапните преговори. Тоа значи дека ЕУ ќе и дава уште поголема помош на Македонија во сите потребни реформи. Од искуство знаеме дека напредокот може да биде брз доколку се има политичка волја. Албанија и Црна Гора се добар пример за тоа. Веруваме дека интеграцијата на западен Балкан во Европската Унија е најдобриот рецепт за мир и безбедност во регионот. Затоа ајде да се придвижиме заедно, Европската унија останува покрај вас, додаде Калас.

Најнови вести од Македонија

To top