Свет дијагностициран рак на простата

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Кабинетот на Бајден вчера соопшти дека му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата, додавајќи дека ракот се проширил на неговите коски.

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил денеска им се заблагодарија на сите што им дадоа поддршка откако беше објавено дека на поранешниот шеф на државата му е дијагностициран рак на простата.

„Како и многумина од вас, и јас и Џил откривме дека сме најсилни во најтешките моменти. Ви благодариме што нè бодрите со вашата љубов и поддршка“, напиша брачната двојка во објава на профилот на Бајден на социјалните мрежи.

Кабинетот на Бајден вчера соопшти дека му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата, додавајќи дека ракот се проширил на неговите коски.

To top