Свет попладне разговор Трамп-Путин

Песков: Русија преферира дипломатско решение за војната во Украина

– Секако, пожелно е да ги постигнеме нашите цели преку политички и дипломатски средства, посочи Песков.

Песков: Русија преферира дипломатско решение за војната во Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва „преферира дипломатско“ решение за војната во Украина.

– Секако, пожелно е да ги постигнеме нашите цели преку политички и дипломатски средства, посочи Песков.

Тој претходно најави дека телефонскиот разговор помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска е закажан во 17 часот по московско време (16 часот по средноевропско време).

– Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп е очигледно важен со оглед на разговорите што се одржаа во Истанбул минатата недела, наведе Песков.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Трамп пред два дена најави дека денеска ќе разговара со Путин за ставање крај на војната во Украина.

– Темата на повикот ќе биде завршување на крвопролевањето, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), еден ден по директните руско-украински мировни преговори во Истанбул.

По директните преговори помеѓу делегациите на Русија и Украина на 16 мај, први од пролетта 2022 година, Москва соопшти дека е „задоволна“ од исходот и „подготвена да продолжи со контактите“, а Украина побара средба меѓу Путин и Зеленски.

To top