Фудбал третпат во низа

Галатасарај шампион на Турција по 25-ти пат во историјата

Галатасарај шампион на Турција по 25-ти пат во историјата

Екипата на Галатасарај ја освои јубилејната 25-та титула во турскиот шампионат со денешната победа против екипата на Кајзериспор со 3:0.

Екипата од Истанбул ја освои третата последователна титула и побегна на +6 во однос на лутиот ривал Фенербахче кој има 19 титули.

Галатасарај со леснотија постигна три гола кои беа дела на Виктор Осимен во 26-тата минута, Бурак Јилмаз во 29-тата минута и голманот Фернандо Муслера кој ја затресе мрежата во 89-тата минута од пенал.

Интересно е што ова е дури третиот погодок за уругвајскиот голман во дресот на Галатасарај за кој игра уште од сезоната 2011/12.

Галатасарај со оваа титула ја потврди апсолутната доминација во Турција оваа сезона, откако го освои и турскиот Куп со победата против екипата на Трабзонспор со 3:0 во натпреварот кој се одигра пред само 4 дена.

To top