Ракомет Министерот за спорт со честитка до ракометниот клуб алкалоид

Ристовски: Достојно ја промовирате Македонија!

Ристовски: Достојно ја промовирате Македонија!

Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето на Европската лига на ЕХФ и има шанса по шест години да и донесе на Македонија уште еден европски трофеј. Со победата над АЕК во Атина од 25-29 скопскиот тим има добра позиција пред реваншот во Скопје следната седмица.

Триумфот на Алкалоид над грчкиот ривал го честита и министерот за спорт на Македонија, поранешниот репрезентативец и легенда Борко Ристовски. Тој објави фотографија од натпреварот и кратка порака.

„Честитки за одличниот натпревар и достојната промоција на Македонија“, напиша кратко министерот за спорт.

Реванш натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК се игра во СЦ „Борис Трајковски“ следната недела во 20:30 часот.

To top