Регион Крвава матурска ноќ во Сараево

Навивачи со палки и факели нападнаа матуранти (ВИДЕО)

Навивачи со палки и факели нападнаа матуранти (ВИДЕО)

Матурската прослава во еден хотел во Сараево заврши со насилство и повредени, откако група хулигани синоќа околу 20 часот брутално нападнаа матуранти.

Според информациите објавени од ликалните медиуми, двајца млади мажи биле повредени и пренесени на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде им била укажана лекарска помош.

Очевидци сведочат дека напаѓачите биле вооружени со дрвени палки и факели, и дека упаднале ненадејно додека матурантите славеле.

„Дојдоа велејќи дека сакаат да го поздрават пријателот, но одеднаш влегоа и почнаа да тепаат. Се создаде паника, сите бегавме. Никој не очекуваше вакво нешто на матурска вечер,“ изјави еден од присутните.

Жртвите на нападот тврдат дека не ги познаваат сторителите.

Инцидентот е трет по ред насилен случај меѓу млади луѓе во Сараево во последните неколку дена, што предизвика загриженост кај јавноста и родителите.

Полицијата информираше дека е уапсен еден полнолетен и еден малолетен сторител поврзани со претходен случај. Двајцата се предадени на надлежниот обвинител од Кантоналното обвинителство на Сараево.

Надлежните најавуваат засилено полициско присуство и апелираат на смирување на тензиите, особено во период кога се одржуваат матурските прослави.

To top