Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 22.30 часот во с.Кучевиште, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.З.(19) од с.Долно Коњари, општина Петровец, излетало од патот и удрило во ограда.
Во несреќата возачот Ш.З. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот М.Х.(19) од Скопје се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.