Фудбал Прво засилување за Чаби Алонсо

Хујсен се договори со Реал Мадрид

Хујсен се договори со Реал Мадрид

Високиот шпански стопер Дин Хујсен ќе биде првото засилување на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

Според италијанскиот фудбалски „инсајдер“ Фабрицио Романо, неговиот трансфер е договорен со Борнмут, и наскоро зделката ќе биде официјализирана.

Хујсен има само 20 години, висок е 195 сантиметри, по завршувањето на лекарските прегледи, ќе потпише договор со Реал до 2030 година.

Веќе беше познато дека Шпанецот е на прагот на „кралскиот клуб“, Романо веќе објави дека обештетувањето за талентираниот фудбалер ќе биде околу 60 милиони евра.

 

To top