Македонија максимална температура до 12 степени

Променливо облачно време, претпладне со појава на магла по одделни котлини

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидометеоролошки работи.

Променливо облачно време, претпладне со појава на магла по одделни котлини

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот ќе биде умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер. Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Најнови вести од Македонија

To top