Македонија

​Ѓорѓиевски на средба со шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ, Едвард Андерсон

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ во Скопје,

​Ѓорѓиевски на средба со шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ, Едвард Андерсон

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ во Скопје,

Едвард Андерсон, кој беше придружуван од дел од својот тим.

Средбата се одржа во духот на заемна соработка и отворање на нови можности за партнерство во насока на унапредување на безбедноста и стабилноста на локално ниво. Андерсон изрази задоволство од досегашните активности на Општина Кисела Вода, посебно нагласувајќи ги заложбите за формирањето и успешното функционирање на Локалниот совет за превенција во општина Кисела Вода. Тој оцени дека овој пример е добар модел за останатите општини во државата и дека истиот заслужува да биде промовиран на национално ниво.

Во рамки на разговорот, беа разгледани конкретни можности за заедничка соработка помеѓу Мисијата на ОБСЕ и Општина Кисела Вода, но и преку ЗЕЛС и со другите единици на локалната самоуправа, со цел јакнење на Локалните совети за превенција и зголемување на нивната ефикасност.

Градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски, информираше дека во тек е постапка за измена на Законот за локална самоуправа, каде што значајно место е посветено на прашањата за безбедноста, зајакнување на ингеренциите на градоначалниците во областа на превенцијата од насилство, како и создавање на услови за поголема безбедност во локалните заедници.

Општина Кисела Вода

-Создавањето и одржувањето на функционални Локални совети за превенција е клучен елемент во градењето безбедни и стабилни заедници. Преку овие совети, локалната самоуправа активно учествува во превенцијата, рано препознавање на ризиците и навремена координација со сите релевантни институции. Затоа, ЗЕЛС силно го иницираше и го поддржува процесот на законски измени кои ќе обезбедат јасни ингеренции и дополнителни алатки за градоначалниците во оваа насока. За нас, партнерството со меѓународните организации, како што е ОБСЕ, претставува значајна поддршка во зацврстувањето на овие механизми-изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top