Фудбал

Нашиот репрезентативец Шишковски останува во Борац

Македонскиот голман Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука.

Нашиот репрезентативец Шишковски останува во Борац

Mакедонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски ќе продолжи да настапува за Борац Бања Лука, откако клубот и голманот се договориле за продолжување на договорот, откриваат босанските медиуми. Засега сè уште се чека официјална потврда, но извори блиски до клубот велат дека новиот договор е веќе усно договорен.

Шишковски пристигна во Борац минатото лето, по полусезона во ерменскиот Арарат, и веднаш ја оправда довербата со своите настапи. Сезонава забележа 22 настапи во сите натпреварувања, од кои 12 во домашното првенство, и беше стандарден прв избор на голот.

30-годишниот репрезентативец на Македонија, кој има 11 настапи за националниот тим, својата кариера ја започна во Работнички, а потоа бранеше и за Гент, Лахти, РОПС, Докса и Арарат.

To top