Португалескиот тренер на Манчестер Јунајтед не исклучи и рано заминување од клубот во случај работите да не се променат и на стартот на наредната натпреварувачка сезона.
Оваа негова изјава крена голема прашина во англиската јавност и воопшто во внатрешноста на клубот, па сега во пресрет на дербито со Челси, Аморим малку ја спушти топката и посочи дека неговата работа е далеку од завршена.
– Далеку сум од откажување, тоа што сакав да го кажам е дека тимот не направи прогрес откако јас сум тука. Зборував за поставување стандарди до кои мора да се држиме. Не можам да гледам како ги остваруваме овие резултати во Премиер лигата, а притоа играчите се мирни и не преземаат одговорност. Всушност, кога говорам за одговорност, тука на прво место сум јас Кога дојдов во клубот, дојдов со мисла дека ќе го промениме клубот, а такво нешто чувствувам и денеска. Сигурен сум дека раководството на клубот ќе ни овозможи такво нешто, ние сме Манчестер Јунајтед и мора да одиме на победа на секој меч, дури и на натпревар од пресезона.
Јунајтед ќе се обиде да ја спаси сезоната со победа во финалето во Лигата на Европа, но наспроти трофејот, многу поважен е пласманот во Лигата на шампионите и парите кои се гарантирани од учество во најелитното натпреварување.
– Лично за мене, Лигата на шампионите е поважна од Лигата на Европа. Овој тим мора да игра во Лига на шампиони, Лигата на Европа не е доволно големо натпреварување за Јунајтед и тоа се чувствува тука, – изјави Аморим.