Во заландовското село Дедели, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Џ.О.(43) од село Дедели, соопштија денеска од МВР.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана.
– Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, соопшти МВР.