Германските медиуми минатата седмица објавија дека Флоријан Вирц го избрал Баерн Минхен како своја следна дестинација во кариерата и за одлуката веќе ги известил челниците на Баер Леверкузен, барајќи од нив да најдат заеднички јазик со баварскиот гигант околу висината на отштетата.
Се шпекулира за сума од 100 милиони евра, но последните информации говорат дека овој трансфер не е веќе така сигурен, откако Пеп Гвардиола тргнал во офанзива за да го убеди Вирц да дојде во Манчестер Сити.
Манчестер Сити би платил 120 милиони евра (за 20 повеќе од Баерн) на Баер Леверкузен, воедно и би ја исполнил желбата на „фармацевтите“, кога веќе го продаваат најдобриот фудбалер, тоа да не биде на директен ривал од Бундес-лигата.