Заменик министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес учествуваше на дискусијата во рамки на Комисијата за социјална работа при ЗЕЛС.
Заеднички разгледувавме можни насоки и предлози за децентрализација на социјалните услуги и улогата на центрите за социјална работа во овој процес, објави Ѓоко Велковски заменик министер за социјална политика, демографија и млади.
Социјалната заштита мора да биде поефикасна, подостапна и поприлагодена на реалните потреби на граѓаните, истакна Ѓоко Велковски.
Тој додаде, За да го постигнеме тоа, неопходна е посилна улога на локалната самоуправа и подобра координација со центрите за социјална работа. Во дискусијата нагласивме потреба од:
• прецизна распределба на надлежности помеѓу централното и локалното ниво,
• јасни механизми за финансирање,
• кадровска поддршка и континуирана едукација на вработените,
• зголемување на капацитетите за планирање и управување со социјални услуги на локално ниво.
Министерството останува отворено за соработка со општините и ЗЕЛС, со цел заеднички да изградиме одржлив и правичен систем на социјална заштита кој нема да дозволи никој да биде изоставен. Децентрализацијата не е цел сама по себе, туку средство за поквалитетни услуги за сите граѓани, објави Велковски.