Поранешниот фудбалер на Барселона и Бразил, Дани Алвеш ќе се појави на суд од 5 до 7 февруари 2024 година, поради обвинение за силување пренесува француската новинска агенција „AFP“.
Обвинителството бара деветгодишна затворска казна за 40-годишниот Бразилец и бара на наводната жртва да и плати отштета од 150.000 евра.
На 20 јануари се дозна дека Алвеш бил приведен во Шпанија во случај на сексуално вознемирување. Оттогаш тој е во притвор. Самиот Алвеш ги негираше обвинувањата против него и постојано го менуваше своето сведочење за случајот.
Во текот на својата кариера, Алвеш играше за Баја, Севилја, Барселона, Јувентус, ПСЖ и Сао Паоло. Неговиот последен клуб беше мексиканскиот Пумас, кој го раскина договорот со играчот кога беше обвинет за силување.