Македонија 53. Мајски оперски вечери

Сиљановска-Давкова: Ова е празник за љубителите на операта заради музичко-сценскиот раскош

Посебни честитки до нашата светски позната и призната сопранистка Ана Дурловски, која не восхити во улогата на Џилда. Одличен почеток што ветува многу!, потенцира во објавата Сиљановска- Давкова.

Сиљановска-Давкова: Ова е празник за љубителите на операта заради музичко-сценскиот раскош

Ми беше задоволство да присуствувам на свеченото отворање на 53. Мајски оперски вечери што зад себе имаат повеќе од половина век традиција исполнета со богат оперски репертоар и врвни гостувања на светски познати оперски уметници, оркестри и диригенти, одбајви претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Исполнета со импесии претседателката додаде дека, во прашање е празник за љубителите на операта, настан од извонредно значење и исклучителна вредност заради музичко-сценскиот раскош, мајски денови во коишто стануваме уметнички центар.

„Риголето“ на Верди нè втурна во свет исполнет со силни човечки драми, татковска љубов и неизбежна трагичност – свет на болка, надеж и судбина, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Посебни честитки до нашата светски позната и призната сопранистка Ана Дурловски, која не восхити во улогата на Џилда. Одличен почеток што ветува многу!, потенцира во објавата Сиљановска- Давкова.

Најнови вести од Македонија

To top