Фудбал ИНТЕРЕСНО

Чаби Алонсо подготвува историска промена во Мадрид

Чаби Алонсо подготвува историска промена во Мадрид

Во текот на наредните денови, Чаби Алонсо официјално ќе стане тренер на Реал Мадрид, почнувајќи од сезоната 2025/26, а мадридските медиуми веќе пишуваат за првите големи промени кои следат.

Марка тврди дека Алонсо веќе ги известил челниците на Реал дека планира да игра во својата омилена формација 3-4-3, која му донесе двојна круна минатата сезона.

Верувале или не, Реал Мадрид никогаш во поновата историја не играл во оваа формација, бидејќи сите тренери во овој милениум претежно играа – 4-4-2, 4-2-3-1 или 4-3-3.

Сепак, тоа значи дека Алонсо ќе треба да се засили во сите линии на тимот. Првото големо засилување веќе е завршено,

Трент Александер-Арнолд ќе биде тој десен вингер, а сличен профил на играч се бара и на левиот бек, па се очекува Флорентино ПереЗ да го продаде Ферлан Менди или Фран Гарсија. За сега не е познато кој би можел да доведе Реал Мадрид, а да потсетиме дека левиот вингер во Баер го играше совршено Алехандро Грималдо, инаку дете на Барселона.

To top