На 19.12.2023 во 22.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.И.(49) од село Биљановце, кумановско.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.