Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалните мрежи му го честиташе изборот за нов папа на Роберт Превост, кој доаѓа од Чикаго.
-Честитки до кардиналот Роберт Превост, кој е избран за Папа. Чест е што тој е првиот американски Папа. Каква возбуда и каква голема чест за нашата земја. Се радувам за идната средба со Папата Лав 14. Ќе биде многу значаен момент, објави Трамп.
Роберт Превост (69) од САД е новиот папа кој го избра името Лав 14.
Со постигнато двотретинско мнозинство, 133-те кардинални собрани во Систинската капела во Ватикан го избраа новиот папа, кој е наследник на папата Франциск.