Фудбал фудбал без дамка

ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици.

ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.

-Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот.

Она што го видовме е срамно и неприфатливо.

Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Очекуваме целосни извештаи од официјалните лица на натпреварот, по што ќе бидат преземени сите мерки во рамките на нашата надлежност.

Нема да има заштитени – секој што со своето однесување го нарушил интегритетот на натпреварувањето ќе биде соочен со одговорност.

Нашата цел е јасна: фудбал без дамка, натпревари во кои резултатите се одлучуваат на теренот, а не зад кулисите.

ФФМ останува цврсто определена да стави крај на нечесните практики и да го врати достоинството на македонскиот фудбал.

Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал.

Во соработка со МВР и надлежните институции ќе преземеме сè што е потребно ваквите случаи да добијат соодветен епилог, се наведува во соопштението на ФФМ.

Поврзани теми

To top