Во две одвоени сообраќајни несреќи кои се случиле вчера, со тешки повреди се здобиле двајца 16 годишници кои управувале мопеди.
Полицијата информира дека вчера околу 15:35 часот на крстосницата од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп.
Тешки повреди кај малолетникот биле констатирани во Градската болница во Прилеп.
Втората сообраќајка се случила во скопски Бутел, на крстосницата од ул.„Натанаил Кучевишки“ и ул.„Хо Ши Мин“.
-Случена е сообраќајка меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(24) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.
Полициски екипи во двата случаи извршиле увид на лице место.